Адвокатот на Бензема ги демантираше обвинувањата на францускиот министер за поврзаност со терористичка група

Фото: EPA-EFE/STR

Францускиот министер за внатрешни работи Жерлад Дарманин ја изненади јавноста со својата изјава во телевизиска емисија дека Карим Бензема е вмешан и има контакт со терористичка група, а сега во јавноста се огласи адвокатот на фудбалерот.

Адвокатот на францускиот голгетер остро ги демантираше обвинувањата кон Бензема порачувајќи дека сето тоа е лага.

„Тоа е лага! Карим Бензема никогаш немал некакви врска со таква организација“, изјави адвокатот, Хугуес Вигиер за францускиот медиум „Ле Паризиен“.

Во изјавата Вигиер потврди и дека неговиот тим размислува за правна постапка против францускиот министер. Инаку, министерот Дарманин во своето излагање се обиде да го опише Бензема како личност која во јавноста на позитивен начин го пропагира движењето на Хамас.

Сепак, во својата изјава тој не приложи никакви докази против фудбалерот.

ВИДЕО | Бензема обвинет дека соработува со терористичка група

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот