ВИДЕО | Пронајдени непознати вируси во мразот на Тибет стари петнаесет илјади години: Дали постои страв за нова пандемија?

Тибет Вируси
Фото: Принтскрин / Youtube

Научници нашле претходно непознати вируси стари околу 15.000 години во примероци мраз земени од Тибетската висорамнина, пренесува „CNN“.

Вирусите се различни од сите досега познати на научниците, покажува студијата објавена претходно неделава во магазинот Microbiome.

Тимот во кој имало научници кои се бават со климата и микробиолози од Државниот универзитет на Охајо земал два примероци од мразот од врвот на ледената покривка Гулја во западна Кина во 2015 година.

Тие земале примероци од врв на 6.710 метри надморска висина и на Тибетската висорамнина (6.200 метри).

Научниците пробашле 33 вируси од кои најмалку 28 се непознати за науката и преживеале бидејќи биле смрзнати.

Вирусите се прилагодиле на екстремните услови, но за среќа не се опасни за луѓето, изјавиле научниците за „CNN“.

„Во мразот се таложи содржина од атмосферата низ времето, вклучувајќи ги вирусите. Мразот е смрзната архива“, истакнал коавторот на студијата Лони Томсон, професор на универзитетот Охајо и истражувач во универзитетскиот центар Byrd Polar Research.

Релативно малку се знае за вирусите во глечерите, но во таа област расте важноста бидејќи глечерите низ планетата се топат поради климатските промени.

„Тоа навистина го плени вниманието на јавноста“, истакнал Томсон, додавајќи дека пандемијата на ковид-19 ја подигнала свеста за важноста на изучувањето на вирусите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот