ВИДЕО| Проф. Методи Хаџи Јанев: Приватниот сектор во Македонија има ниска култура во вложувања за сајбер безбедност

Проф. Методи Хаџи Јанев, гостин во „Слободен печат“/Фото: Слободен печат

Македонија има мала култура на вложувања во сајбер безбедноста особено во приватниот сектор. Тука сакам да истакнам дека кога се зборува за безбедност особено во фирмите, сопствениците тоа го гледаат како барикада во напредокот за нивното напредување и развиток. Тоа до некаде е и оправдано бидејќи не се единствени, бидејќи генерално во светот во бизнисот сите се ориентираат на профит но не на заштита. Ова го истакна универзитетскиот професор Методи Хаџи -Јанев во Зум разговор при гостување во емисијата „Утрински печат“.

Хаџи Јанев кој престојува во Љубљана на симпозиумот за истражување на безбедноста во сајбер просторот организиран од американскиот Стејт Департмент, истакна дека само паметните бизнисмени и оние кои што се добро етаблирани вложуваат во алатки кои им ги гарантираат информациите на кои им е заснован профитот и работата на компаниите.

– Инвестирањето во безбедноста не е гол трошок туку на долг период тоа може да биде исплатлив и важен чекор. Она што можам да го истакнам е дека најнапредните компании во Македонија кои вложуваат во безбедноста е банкарскиот сектор, бидејќи таму има најголема флексибилност и најголема децентрализираност на менаџментот во градењето на капацитетите од одбрана од сајбер безбедноста – истакна професорот Хаџи – Јанев.

Универзитетскиот професор зборуваше и за аферите каде домашни софтверски фирми се вмешани во хајтек шпиунажа, за случувањата во Пацификот и провокациите во воздушниот простор на Јужна Кореја од страна на Русија и Кина но и за последните воени дејствија на боиштата во Украина.

Повеќе од разговорот со Хаџи-Јанев погледнете во видеото во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот