ВИДЕО | „Priscilla“ доби 7-минутни овации на светската премиера во Венеција

Фото: Anna Maria Tinghino / imago stock&people / Profimedia

Критичарите се воодушевени од новиот биографски филм на Софија Копола за Присила Присли и нејзиниот брак со Елвис. Биографската драма „Priscilla“ е адаптирана од мемоарите на вдовицата.

Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал во Венеција, публиката била воодушевена и го наградила филмот со 7-минутни овации, објави „Дедлајн“ (Deadline).

Критичарите исто така имаат одлични впечатоци и го оценија филмот со совршена оценка од 100 отсто на „Ротен томатос“ (Rotten Tomatoes).

Марлоу Стерн од „Ролинг Стоун“ го опиша филмот: „Транспарентно, срцепарателно патување во мрачното срце на славните. Ова е најдобриот филм на Софија Копола од „Lost in Translation“.

Ричард Лосон од „ Венити фер“ (Vanity Fair) додаде: „Чувствителен и нежен поглед на една млада жена која се буди од сон и се соочува со реалниот живот“.

Филмот „Priscilla“ треба да излезе на 27 октомври во кината во САД, а потоа ќе пристигне и во Европа.

Присила Присли на вчерашната конференција по повод премиерата на филмот на филмскиот фестивал во Венеција одговори дали била интимна со Елвис Присли кога имала 14 години, со оглед на тоа што тогаш го запознала пејачот кој бил 10 години постар, а имајќи ги предвид неговите бизарни навики.

Поранешната сопруга на Елвис Присли повторно изјави дека тоа не се случило. Таа тврди дека нивната врска на почетокот не била сексуална. Таа на Фестивалот во Венеција истакна дека го привлекла познатиот пејач затоа што знаела да го слуша и дека знаел дека може да и каже се, се што му паѓа на ум. Затоа продолжиле да се гледаат откако тој се вратил во Америка откако служел војска во Германија каде се запознале.

Присила Присли, која присуствуваше на премиерата на филмот со режисерката Софија Копола , изјави дека Елвис Присли е љубовта на нејзиниот живот и дека ја привлекувал дури и откако се разведоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот