ВИДЕО | При полетување авион на Боинг остана без капакот на моторот
Капакот на моторот на Боинг 737-800 во сопственост на Саутвест Ерлајнс падна за време на полетувањето во Денвер во неделата и удри во клапите, што ја натера американската Федерална управа за авијација (ФАА) да отвори истрага. Никој не беше повреден, а летот 3695 безбедно се врати на аеродромот во Денвер околу 08:15 часот по локално време во неделата и авионот беше одвлечен.
Препорачано
Авионот Боинг со 135 патници и шест членови на екипажот се искачи на височина од околу 3.140 метри и се врати 25 минути по полетувањето во Хјустон. Патниците пристигнаа во Хјустон со друг лет на Саутвест со околу четири часа задоцнување. Саутвест соопшти дека тимовите за одржување го проверуваат леталото.
?#BREAKING: A Boeing 737 Southwest Airlines had to Make a Emergency Landing after parts of the Engine Cowling Detaches
Currently, emergency crews and authorities are on the scene after a Boeing 737-800 Southwest Airlines Flight WN3695/SWA3695 departing… pic.twitter.com/eL8pP4uuY7
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) April 7, 2024
Авионот стапи во употреба во јуни 2015 година, според записите на ФАА. Боинг ги упати сите прашања до Саутвест. Авионот припаѓа на постарата генерација на најпродаваниот тип 737, познат и како 737 НГ, кој подоцна беше заменет со моделот 737 МАКС. Саутвест одби да каже кога моторот на авионот последен пат бил сервисиран.
Еј-би-си њуз објави видео објавено на платформата за социјални медиуми Икс на кое се гледа како да се откине клапа со лого на авиокомпанија што вее на ветрот.
Отворена истрага откако падна дел од авион „Боинг 737-800“ на полетување од Денвер


