Даниел Нобоа / Фото EPA-EFE/Jonathan Miranda

ВИДЕО | Претседателот на Еквадор го осуди новиот обид за атентат: Се обидоа да ме убијат со отровни чоколади

Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа пријави нов обид за атентат врз него. Тој за Си-eн-eн изјави дека имало обид за атентат врз него со отровни чоколади и џем што содржеле „три хемиски производи“ и му биле дадени за време на јавен настан, пренесува Франс 24.

Присуството на три хемиски компоненти „во висока концентрација не можело да биде ненамерно“, рече Нобоа за време на интервју за Си-eн-eн, додавајќи дека „поднесовме тужба“ и „презентиравме докази“ конкретно за „концентрацијата на трите хемиски производи“.

Нобоа, исто така, се осврна на нападот врз неговата колона пред две недели, зборувајќи за импровизирани ракети, молотови коктели и камења.

Како што рече, „една од овие ракети ве погодува во градите или во главата и ве убива. Ова, било каде во светот против претседателска колона, би било класифицирано како напад“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот