ВИДЕО | Познатата Касандра пристигна во Србија: Актерката изгледа подобро од кога било!
Венецуелската актерка Кораима Торес, позната и како Касандра од истоимената хит серија, пристигна во Србија.
Препорачано
Српските телевизиски екипи ја пречекаа на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, каде што се собраа бројни медиуми и обожаватели на познатата актерка.
Кораима Торес со изгледот ги воодушевила присутните.
Таа се појавила во бордо комбинезон и високи потпетици, а насмевката не ја симнувала од лицето. Кораима ги поздравила насобраните и им испратила бакнежи.
Како што напишаа српските медиуми, Кораима Торес ќе се приклучи на актерската екипа на популарната српска серија „Игра на судбината“ како специјален гостин.
Никола Буровац, продуцентот на оваа продукција, споделил детали за соработката со Кораима, истакнувајќи ја нејзината срдечност и природност:
– Кораима е исклучително убава, срдечна и природна жена. Таа навистина е како вистинската Касандра. Ние направивме да се чувствува како ѕвезда, затоа што тоа и е. Таа немаше никакви барања. Среќна е што се врати во Србија и што е дел од нашата најголема серија – истакнал Буровац за српски „Блиц“.
ФОТО | „Некои важни работи“: Милош Биковиќ ја објави првата фотографија со синот Василије


