Фото: ФФМ

ВИДЕО: Последните подготовки направени, Казахстан утре во Скопје треба да падне

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го одработи последниот тренинг пред утрешниот исклучително важен натпревар против селекцијата на Казахстан, во рамките на квалификациите за Светското првенство 2026.

„Црвено-жолтите“ се наоѓаат на врвот на табелата во својата група и ќе се обидат со нов триумф да ја задржат лидерската позиција до ноември, кога ќе се играат последните два натпревари од квалификацискиот циклус. Во моментов, Македонија има бод повеќе од Белгија и два повеќе од Велс, што значи дека само победа гарантира останување на врвот.

Иако Казахстан важи за еден од послабите ривали во групата, селекторот Благоја Милевски денеска нагласи дека воопшто нема место за потценување и најави дека неговите избраници ќе влезат максимално фокусирани и мотивирани во пресметката.

Натпреварот се игра утре на Градскиот стадион во Скопје со почеток од 20:45 часот, а главен судија ќе биде Шпанецот Хуан Мартинез Мунуера.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Милевски: Секој следен натпревар е најважен, Казахстан има нов селектор и нова филозофија

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот