ВИДЕО | Поранешниот голман на Вардар повреди двајца ракометари и доби црвен картон

Фото: Screenshot

Тимот на Фуксе Берлин се пласираше на завршниот турнир во Лигата на Европа откако славеше победа против Кадетен Шафхаузен со 30:24 и така ја надополни негативата од првиот натпревар (33:27).

Во центарот на вниманието во вчерашниот натпревар беше поранешниот голман на Вардар, Дејан Милосављев.

Милосављев беше директен учесник во дуелите во кои се повредија двајца гостински ракометари, а се повреди и тој самиот.

Покрај повредата главниот судија на натпреварот и го исклучи српскиот голман. Во еден неконтролиран пад тој падна врз Лукас Хербургер, а неколку минути подоцна се судри со Зоран Марковиќ. Дресот на Вардар Милосављев го носеше во сезоната 2018/2019 кога Вардар ја освои втората титула во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот