Фото: скриншот / читател на „Слободен печат“

ВИДЕО | Полицајци казнуваа пешаци со слушалки, па еден од нив со телефон на уво ја помина улицата

Интересна сцена е забележана денеска на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје – според читателот на „Слободен печат“ кој ни ја испрати снимката, двајца полицајци пред костурот на некогашната Универзална сала казнувале пешаци, велосипедисти и возачи на тротинет кои го поминувале булеварот со слушалки во ушите, во согласност со новиот пропис, воведен пред неколку месеци.

Но, на видеото, за кое читателот вели дека е снимено непосредно откако полицајците завршиле со казнувањето, се гледа како едниот од нив го прави токму прекршокот за кој само неколку минути претходно казнувал луѓе – тој го држи телефонот во рака и на увото, додека поминува на истиот пешачки премин.

Ова не е првпат органите на редот, задолжени за санкционирање на прекршоци во сообраќајот, да бидат самите уловени како ги прават истите прекршоци. Само неколку недели по стапувањето во сила на новите прописи поврзани со телефоните и слушалките, двајца полицајци беа снимени како поминуваат на пешачки премин во Скопје додека гледаат во телефон или активно зборуваат, држејќи го на увото.

Нема казна за пешаци и велосипедисти со слушалка на едно уво?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот