ВИДЕО | Погледнете го новиот спот на Игор Џамбазов и Гуру Харе за песната „Пеј“

Фото: Стефан Рајхл

Игор Џамбазов и Игор Атнасовски – Харе неодамна го промовираа нивниот албум „Првите триесет“, а сега излезе и видеоспот за една од песните на албумот.

Спотот за пената „Пеј“ е прекрасна видео приказна која одлично го оцртува духот и карактерот на песната и главните актери, Игор и Харе. Како режисер и директор на фотографија на спотот се потпишува еден од најдобрите концертни фотографи кај нас, Стефан Рајхл, кој со овој спот започнува и своја видео продукција.

Во екипата која го работела спотот се вклучени и Николаи Грчаров, како втора камера и светло, Александар Пауновски – продуцент, Бранко Блажевски – монтажа и колор корекција, Катерина Ѓурчиновска – асистент на сет и Оливера Ристески која е заслужна за одличната шминка во спотот.

Следниот чекор на познатото музичко дуо е големиот концерт на 21 октомври во Македонската филхармонија каде концертно ќе го промовираат материјалот од албумот „Првите триесет“ и ќе ги изведат некои од најголемите хитови. Со овој концерт тие ќе ја одбележат нивната 30-годишна соработка, а Џамбазов ќе го прослави својот 60-ти роденден.

Влезниците за концертот можат да се купат преку продажната мрежа на https://mktickets.mk/event/igor-i-guru-hare/

ФОТО+ВИДЕО | Игор Џамбазов и Гуру Харе го промовираа албумот „Првите 30“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот