ФОТО+ВИДЕО | Игор Џамбазов и Гуру Харе го промовираа албумот „Првите 30“

Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Во скопско Дебар маало, вчеравечер се одржа промоцијата на новиот албум на Игор Џамбазов и Игор Атанасовски – Харе, „Првите триесет“.

Сосема очекувано, настан кој на едно место ги собра пријателите и соработниците на Игор и Харе, како и вистинските љубители на софистициран македонски блуз. Многу познати ликови од естрадата, филмскиот и музички свет и инфлуенсери.

Додека локалот полека се исполнуваше со гостите кои трпеливо чекаа ред за да добијат автограм и фотогарфија со ѕвездите на вечерта Игор и Харе, во позадина се слушаа 17-те песни од албумот.

Промоцијата започна со мини концерт и добро познатите блуз рефрени, што дополнително ги расположи присутните. Игор како и секогаш расположен да раскаже по некоја интересна приказна, да ги поздрави сите кои им помогнале низ годините и  да се пошегува и на своја сметка.

„Добредојдовте на промоцијата на „Првите 30“, на 4-ти јули, денот на борецот, а ние сме познати како едниствени борци во Македонија против кичот, шундот, турбофолкот и плејбекот. Добредојдовте истомиленици!“, ги поздрави гостите Џамбазов.

Убава и пријатна атмосфера, одлична музика, урбани и насмеани ликови, меѓу кои Тони Михајловски, Весна Петрушевска, Милан Калиниќ, Пере – Нокаут, Лила Филиповска, Дарија Ризова, Срѓан Јанакиевиќ…

За сите вас што можеби го пропуштивте сето ова вчеравечер, екипата на „Слободен печат“ ви го пренесува со фотографии и видео:

Фото: ”Слободен печат” – Драган Митрески
Фото: ”Слободен печат” – Драган Митрески
Фото: ”Слободен печат” – Драган Митрески
Фото: ”Слободен печат” – Драган Митрески
Фото: ”Слободен печат” – Драган Митрески
Фото: ”Слободен печат” – Драган Митрески
Фото: ”Слободен печат” – Драган Митрески
Фото: ”Слободен печат” – Драган Митрески
Фото: ”Слободен печат” – Драган Митрески

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот