ВИДЕО | Почна 74. издание на Санремо: Златан Ибрахимовиќ го отвори фестивалот со песна на Лепа Брена

Фото: Скриншот/Јутјуб

Вечерва започна 74. издание на италијанскиот музички фестивал Санремо, на кој Италијанците и оваа година ќе го изберат својот претставник на Изборот на песна за Евровизија.

Покрај водителот Амадеус, водител на првата полуфинална вечер на Санремо беше Марко Менгони, минатогодишниот победник на фестивалот, објави „РТС“.

Инаку, Амадеус неколку пати беше прекинуван со мелодии кои потсетуваат на „балканска музика“. По три песни, Амадеус побара од директорот на оркестарот да му објасни за што се работи.

На изненадување на публиката, на сцената се појави фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, а во позадина свиреше инструменталната верзија на песната „Луда за тобом“ од регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена.

Ибрахимовиќ се пошегува дека го слушал своето тело, па престанал да игра фудбал, а неговиот пример би можел да го следи и Амадеус кој има 61 година. Патем, Амадеус е препознатливо лице на Санремо, кој годинава за последен пат го води фестивалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот