ВИДЕО | Почина Џејн Марцевски -„Nightbirde“: Девојката со ангелски глас која ги освои жирито и публиката на „America’s Got Talent“

Фото: Принтскрин/Instagram

Пејачката Џејн Марцевски попозната под уметничко име „Nightbirde“ почина на 31 годишна возраст по борба со тешката болест. Џејн со својата насмевка и позитивен став и покрај тешката борба со ракот на белите дробови, ‘рбетот и црниот дроб го освои жирито и гледачите на шоуто „America’s Got Talent“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nightbirde ⚡️ (@_nightbirde)


Џејн ги освои симпатите ширум светот со изведбата на својата својата авторска песна „It’s OK“ во јуни минатата година и раскажа за својата борба со ракот. Набрзо по настапот Џејн мораше да се повлече од сцената поради влошување на здравствената состојба, но ниту во еден момент не ја изгуби надежта дека повторно ќе има можност да пее пред своите фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nightbirde ⚡️ (@_nightbirde)

„Споделувањето на моето срце со светот беше чест и остварување на сонот. Какво чудо што болката низ која поминав се претвори во убавина што ги тера луѓето ширум светот да ги отворат очите широко“, започна таа во тогапното обраќање споделувајќи фотографија од болничката соба. „По аудицијата, моето здравје се влоши и борбата против ракот ја бара сета моја енергија и внимание. Жал ми е што нема да можам да продолжам да бидам дел од оваа сезона „AGT“. Животот не секогаш е полезен за тие кои го заслужуваат тоа, но веќе го знаеме тоа“ – напиша Џејн во обраќањето кон своите фанови кога мораше да прекине со натпреварувањето.

ВИДЕО | Лекарите ѝ дале само 2% шанси да преживее: 30-годишна учесничка на „American’s Got Talent“ го помести жирито од место

ВИДЕО | Лекарите ѝ дале само 2% шанси да преживее: 30-годишна учесничка на „American’s Got Talent“ го помести жирито од место

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот