ВИДЕО | По гласините дека е во кома, се појави видео од Кадиров

Рамзан Кадиров
Рамзан Кадиров / Фото: EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY

Умар Даудов, помошник на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа Кадиров за време на вечерна прошетка со неговото семејство поради гласините за неговата наводна тешка болест, пренесува руската државна новинска агенција РИА.

„Вечерната прошетка беше одличен крај на вечерата со семејството. Искористете ги овие среќни моменти, пријатели. Најдете време и посветете повеќе внимание на вашето семејство. Одморете се од метежот и гужвата и задоволете си себе си и нив“, пишува во опис на видеото на Инстаграм на помошникот на Кадиров.

Вчера се појавија гласини дека Кадиров е тешко болен. Портпаролот на украинското разузнавање Андриј Јусов изјави дека Кадиров е во кома откако му се влошила здравствената состојба. „Можеме да потврдиме дека тој има уште едно сериозно влошување и е во критична состојба во последните неколку дена“, рече тој.

„Информацијата е потврдена од различни извори во медицинските и политичките кругови. Не станува збор за повреди. Другите детали треба дополнително да се разјаснат. Тој е болен подолго време, а се работи за системски здравствени проблеми“, додаде тој.

Ова не е првпат да се појавуваат гласини за здравствената состојба на чеченскиот лидер. Во март годинава се споменуваше труење и бубрежна болест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот