ВИДЕО | Откако беше критикуван од Трамп, Џорџ Клуни го возврати „ударот“: „Не е моја работа да му угодувам на претседателот“
Џорџ Клуни откри што мисли за изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој неодамна остро го критикуваше.
Препорачано
Имено, американскиот актер и режисер во разговор со водителот Гејл Кинг во емисијата „Си-би-ес Морнинг“ ги откри своите размислувања за изјавата на американскиот претседател, кој пред речиси еден месец го нарече „второкласна филмска ѕвезда и промашен политички експерт“.
На Клуни изјавата му беше смешна, па се пошегува дека изјавата на Трамп можеби е вистинита, но не е страшно. Но, кога станува збор за политичките постапки на Трамп, Клуни не се воздржа, давајќи директен и несомнен одговор.
Џорџ јасно стави до знаење дека апсолутно не му е грижа за мислењето на Трамп, велејќи дека не е негова работа да му угодува на претседателот, бидејќи неговата вистинска работа е да ја кажува вистината секогаш кога ќе му се укаже прилика.
„Не ми е грижа. Не е моја работа да му угодам на претседателот“, изјави Клуни во емисијата.
Тој потоа објасни дека реакцијата на неговите политички ставови не е баш нова област за него и дека е целосно свесен дека луѓето ќе го критикуваат. Тој дури истакна дека „десната рака“ на Трамп – Илон Маск, влијаела на неговите мислења.
Клуни признава дека секој има право да зборува против него и дека е фер да може и тој да го сподели своето мислење за таа личност.


