ВИДЕО: По 12 години „Фрајли“ стануваат трио

Фото: Инстаграм

Никој не се надеваше дека девојките од Нови Сад, чии интерпретации и музички опус беа одлично прифатени во целиот регион, сега ќе споделат неочекувана вест.

Промените се минимални, но сепак на обожавателите ќе им треба време да се навикнат.

Имено во кусо видео на нивниот официјален инстаграм-профил, тие соопштија дека по 12 години заедничка соработка продолжуваат како трио.

Во видеото најмногу зборуваше сега веќе поранешната членка, Марија Мирковиќ, која решила својата кариера да ја продолжи во друг правец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Frajle (@thefrajle)


– Можеби ќе звучи чудно, но, нема кавги ни скандали, ние се разделуваме во мир и за да опстане љубовта. Тоа за сите нас беше најдобра одлука – изјави Марија во заедничкото проштално видео.

Отсега под името „Фрајли“ ќе настапуваат Наташа Михајловиќ и сестрите Јелена и Невена Буча, а кога ќе дозволи епидемиолошката ситуација, тие ќе продолжат со настапи и концерти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот