ВИДЕО | По 11 години повторно падна снег во Јоханесбург

Снег во Јоханесбург / Фото: Wikus de Wet / AFP / Profimedia

Жителите на најголемиот град во Јужна Африка, Јоханесбург, беа запрепастени од првиот снег кој ги изненади по повеќе од една деценија. Голем број деца од овој град за прв пат во својот живот се израдуваа на снег, пишува „Гардијан“.

Додека делови од Јужна Африка редовно добиваат снег над јужната хемисфера во овој период од годината, Јоханесбург последен пат виде снег во август 2012 година.

Една жена во центарот на градот изјавила за „Ројтерс“ дека била бремена последниот пат кога паднал снег во Јоханесбург.

„По единаесет години, возбудливо е што имаме снег“, рекла таа.

На социјалните мрежи жителите на Јоханесбург го опишаа снегот како „чиста магија“ и „прекрасен почеток на неделата“.

Професорката по физичка географија на Универзитетот во Витвотерсранд, Џенифер Фичет за јужноафриканскиот весник „Тајмс“ изјави дека снегот веројатно нема да потрае, а бил предизвикан од напливот на влажност, ниските температури и студениот ветер.

„Тоа се случува еднаш на секои 10 години или слично. Ние не сме област во која има многу снежни врнежи и тоа е делумно затоа што во зима имаме суви услови. Ние ретко гледаме и дождови во зимските месеци. И затоа немајте многу влага во воздухот“.

Последен пат во Јоханесбург паднал снег во 2012 година, а пред тоа во 2007 година.

Во просек, снегот во Јоханесбург паѓа еднаш на секои пет години, а пообилниот снег како оној што е забележан сега се случува еднаш на секои 10 до 20 години, изјави професорот по климатологија на Универзитетот во Витвотерсранд, Франсоа Енгелбрехт за информативната веб-страница на „Дејли Маверик“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот