Кичево Локални избори / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

ВИДЕО | Плоштадот во Кичево се полни со народ, се очекува обраќање на победникот

Александар Јовановски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и победник на изборите во Кичево, ги повика сите кичевчани на заедничка прослава на плоштадот.

„Веќе нема место за било какви калкулации. Речиси сите избирачки места се преброени и можам да прогласам победа“, рече Јовановски во изјава за медиумите.

Вечерва во Кичево е раздвижено, по затворањето на гласачките места на кои се гласаше за градоначалник, а на кои противкандидати беа досегашниот градоначалник Фатмир Дехари, кандидат на Националната алијанса за интеграција, НАИ, и Александар Јовановски, кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот