ВИДЕО | ПЛ: Фирмино погоди за надеж на Ливерпул, Митровиќ постигна два гола без број на дресот
Роберто Фирмино и Александар Митровиќ ги одбележија натпреварите од попладнево од 37-то коло во Премиер лигата.
Препорачано
Браазилецот Роберто Фирмино кој си заминува од Ливерпул на крајот на оваа сезона беше стрелец на „Енфилд“ во финишот за изедначување на 1:1. Астон Вила подобро го започна натпреварот и од самиот почеток притискаше, Оли Воткинс не реалзиираше и пенал во 22-та минута.
Сепак, само пет минути по промашениот пенал на Воткинс Џејкоб Рамзи со глава погоди за водство. Мрежата на гостите се трееше во 72-та минута, но тој гол на Гакпо беше поништен поради офсајд. Предноста на Вила беше актуелна се до 90-тата минута кога стрелаше Фирмино.
Со овој бод Ливерпул ја задржа надежта дека може до место во ЛШ, Њукасл и Јунајтед имаат по 69 бода, „црвените“ со три помалку се петти.
Александар Митровиќ постигна два гола за Фулам во ремито против Кристал Палас. Посебно интересно беше што Митровиќ двата гола ги постигна без број на дресот. Српскиот напаѓач доби удар на стартот од мечот и поради крварење мораше да го замени дресот, а од некоја причина немаше дрес со неговото презиме па играше без број.
GOAL | Fulam 2-1 Crystal Palace | Mitrovic (2)https://t.co/dBTxIV0xwx
— VAR Tático (@vartatico) May 20, 2023
Манчестер Јунајтед со голот на Касемиро го победи Бормут на гости со 1:0, а во последниот натпревар Вулвс и Евертон ремизираа 1:1.


