ВИДЕО | Петрески: Парите мора да се трошат за стимулација на извозот и реструктуирање на економијата
Слободен печат
Пред
Последните податоци за БДП потврдија дека во третиот квартал имаме пад од 3,3%. Овој пад е нешто помал од оној што ние како Фајнанс Тинк го имавме проектирано во месец април. Но исто така податоците укажуваат дека во четвртиот квартал ќе имаме полоша слика од ние што сме проектирале. Оваа криза е лоша, зато што најпрво е глобална, доаѓа паралелно со здравствената криза и така што ефектите кои ги има се подлабоки и опфаќа повеќе аспекти. Оттука мерките кои беа преземени беа со еден широк арсенал. Сметам дека оваа криза ќе биде засебна целина самата по себе и можеби ќе биде неспоредлива со ниту една од претходните, изјави во Утрински брифинг Благица Петрески од Фајнанс Тинк.
-Ваков тип на мерки беа преземени од скоро сите влади. Тие не се новина и нешто измислено. Таквиот сет на мерки беше неопходен да се зачуваат работните места. Во услови на криза е неблагодарно да ги оставите луѓето да искусат падови кои понатаму би се рефлектирале на подолгорочниот квалитет на живот. Од тој аспект беа оправдани и резултатите покажуваат дека владините мерки дадоа поддршка и во насока на спасување на работните места и во насока на подобрување и ублажување на негативните ефекти по БДП-то, вели Петрески.Целиот разговор со Благица Петрески од Фајнанс Тинк погледнете го во видеото:
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Македонија е една од државите во која граѓаните пијат вода од чешма, за разлика од многу земји каде што флашираната вода е секојдневие. И тоа е привилегија. Македонија е држава богата со планински извори, подземни води, акумулации и има традиција на водоснабдување од природни извори. И наместо да сме благодарни за ова богатство, да го …
Лимфаденопатијата, односно зголемувањето на лимфните јазли, најчесто е последица на инфекција и во најголем број случаи не претставува сериозна состојба. Сепак, понекогаш може да биде првиот знак на хематолошко или друго малигно заболување, предупредува д-р Татјана Смилевска, специјалист по хематологија од „Аџибадем Систина“, во емисијата „Медицинско катче“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber – …