Перо Антиќ / Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | Перо Антиќ се отвори за односот со синовите, ова му го замеруваат

Перо Антиќ се отвори за односот со неговите три сина: Лука, Павел и Петар. Познатиот кошаркар и претседател на Кошаркарската федерација на Македонија отворено раскажа за односот со нив.

„Имам три сина. Најстариот е Лука, тој на 19 години се пензионираше од кошарката. Си се гледа во друг свет и ја има мојата поддршка во сè. Павел е средниот и тој е исто така во кошарката. Петар е најмалиот, тој е фудбалер. Јас се шегувам: ‘Синко, од овој човек не излегува фудбалер’, но тој игра совршено и јас обожавам да одам на натпревари. На судија му викам, јас сум си гледач, имам право, ми е гајле. Децата не сакаат да одам на натпревари, тие се сега големи и ми велат: ‘Немој да ме гушкаш’“, рече Антиќ во емисијата „Нешто конкретно“.

Перо Антиќ со тројцата синови / Фото: Инстаграм/Перо Антиќ

„Јас сум секогаш тука за нив. Секогаш ги поддржувам, меѓутоа сум и доста гласен на трибините. И сега, Павел и Лука се веќе големи, па знаат да ми кажат: ‘Тато, те молам, немој да викаш, срамота е’.

Интересно беше за време на короната кога беа затворени салите и не пуштаа публика. Му викам на Павел: ‘Јас ќе дојдам на утакмица’. Ми вика: ‘Како ќе дојдеш, кога е забрането за публика?’. Му велам: ‘Јас имам договор со Министерството за здравство, само јас смеам да бидам во сала’. Ме гледаше зачудено, не му беше јасно.

Мојот став е дека на детето треба да му се каже кога не чини нешто. Не може само да го тапкаш по рамо и да му викаш ‘супер си’. Треба да му кажеш каде згрешил, за да може да напредува, ама тоа да биде преку разговор, а не да го ‘убиеш’ во поим“, рече Перо Антиќ, кој во емисијата гостуваше со својата сегашна партнерка Сања Ристиќ.

Трите сина Перо Антиќ ги има од бракот со Ружица Антиќ.

Во една прилика, Сања Ристиќ раскажа дека нивната љубовна приказна започнала во јули 2023 година. Се запознале случајно, во кафуле каде што Сања седела со другарките. Тогаш дошол Перо Антиќ, ѝ пружил рака и си заминал, а потоа постепено се зближиле.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | СЛОБОДНО СО АГНЕСА: „Терапија за парови со Сања и Перо“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот