Фото: UFC Europe

ВИДЕО | Переира со технички нокаут ја одбрани титулата во УФЦ

Aлекс Переира го одбрани шампионскиот појас во УФЦ откако го победи Калил Рунтри на вчерашниот УФЦ 307 во Солт Лејк Сити.

Бразилскиот борец победи со технички нокаут во четвртата рунда по низата тешки удари кон предизвикувачот кој пружи голем отпор. Рунтри дури ја доби првата борба според ММА експертите со 10:9, а во втората Переира израмни со истиот резултат.

Третата рунда донесе доминација на шампионот и неколку пати во серија му нанесе сериозна штета на ривалот. Во четвртата рунда Рунтри веќе едвај стоеше на нозе, па судијата ја прекина борбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот