ВИДЕО | Пеца Поповиќ: Бог ме почести да бидам во близина на талентирани луѓе во вистинско време

Петар Пеца Поповиќ
Петар Пеца Поповиќ / Утрински брифинг

Петар Пеца Поповиќ, прочуен и влијателен музички новинар на поранешните југословенски простори, во Утрински брифинг зборуваше за неговата најнова збирка раскази „Чуварот на  бит-пазарот“ или во оригинал, на српски јазик, „Чувар бувље пијаце“ која својата промоција во Македонија ќе ја доживее вечерва во 19.30 часот во книжарницата „Буква“.

Книгата „Трагите во бескрајот“ во која се опишани 30 ликови, за кои Поповиќ вели дека без нив неговата кариера и живот би немале смисла, во второто издание е проширена со уште 20 музички легенди кои последниве две години починаа како последица од коронавирусот што е огромна загуба за овие културни прстори.

-Јас имав среќа да запознам исклучително талентирани луѓе и тоа во вистинското време. Оти џабе е да ги запознаете на старост. Многу е битно да ги препознаете талентите на време и да им помогнете и да ги поттикнете и промовирате кога се во подем, вели Поповиќ за Утрински брифинг.

-Констракта го спаси моментот. Таа го врати паметот во музиката не само во Србија туку и во регионот, ја коментира Поповиќ состојбата со музичката сцена во земјите од пораншната Југославија.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот