Фото: Paris FC

ВИДЕО: Париз приреди големо изненадување и го елиминираше ПСЖ од Купот на Франција

Фудбалерите на Париз приредија изнендување во Купот на Франција, откако го елиминираа градскиот ривал и фаворит Пари Сен Жермен.

И покрај целосната доминација на ПСЖ, избраниците на Луис Енрике не успеаја да ја материјализираат надмоќта. „Светците“ упатија повеќе од 20 удари кон противничкиот гол и имаа многу повеќе од поседот на топката, но мрежата на гостите остана недопрена.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 74. минута, кога Иконе го постигна победничкиот погодок и ги замолкна трибините, носејќи големо славје за Париз.

Интересно е што Париз во текот на целиот меч упати само четири удари кон голот, од кои два завршија во рамките на голот, додека ПСЖ контролираше дури 70 проценти од играта, но без конкретен ефект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот