facebook
Сашко Коцев / Фото: Фејсбук

ВИДЕО | Паника во МНТ по земјотресот: дел од гледачите сакаa да заминат, Сашко Коцев ги насмеа

Земјотресот што вечерва го стресе Скопје се случи за време на стендап настапот „Широк дијафазон“ на Сашко Коцев во Македонскиот народен театар. Во мигот на потресот, дел од присутните се вознемирија и станаа од своите места со намера да ја напуштат салата, додека, пак, други продолжија да реагираат со смеа на настапот на сцената, објави „Скопје 1“.

Коцев подоцна изјави дека самиот не го почувствувал земјотресот, но веднаш ја искористил ситуацијата за шега, задржувајќи ја смиреноста и позитивната атмосфера меѓу публиката. Тој ги повика оние што сакаа да си заминат тоа да го сторат мирно и без турканици, за да не се создава непотребна паника.

Настанот завршил по десетина минути во целосно мирна атмосфера, без вознемирување или нарушување на безбедноста на присутните. И покрај неочекуваниот прекин, реакцијата на комичарот придонела вечерта да заврши во духот на опуштеност и смеа.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот кој вечерва ја погоди Македонија имал јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а дека епицентарот, наспроти првичните информации, бил на косовска територија, во близина на границата со Македонија.

Силен земјотрес ја стресе Македонија, се почувствувал насекаде

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот