ВИДЕО: Панчев и Најдоски пред 29 години ја освоија светската титула!

Фото: Твитер

На денешен ден (8 декември 1991 година) пред 29 години играчите на Црвена звезда се закитија со титулата светски шампион.

„Црвено-белите“, тогашните актуелни европски шампиони, во финалето на Интерконтиненталниот куп во Токио го совладаа јужноамериканскиот првак Коло Коло (Чиле) со 3:0.

Пред 60.000 гледачи во главниот град на Јапонија двоен стрелец беше Владимир Југовиќ во 19 и 58 минута, додека третиот погодок беше дело на Дарко Панчев во 72 минута од средбата после одличен контранапад и асистенцијата на Синиша Михајловиќ.

За Црвена звезда настапи уште еден Македонец, Илија Најдоски кој играше во делот на одбраната.

Стартниот состав на Црвена звезда против Коло Коло: Звонко Милојевиќ, Мидраг Белодедичи, Душко Радиновиќ, Илија Најдосоки, Горан Василијевиќ, Синиша Михајловиќ, Влада Стошиќ, Владимир Југовиќ, Милорад Ратковиќ, Дејан Савичевиќ, Дарко Панчев. Тренер: Владица Поповиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот