ВИДЕО | Пакистанка во фустан со арапски букви едвај се спасила од толпа која ја обвинила за богохулење

Фустан со арапски букви / SHALIK RIYADH/INSTAGRAM

Гневната толпа во Пакистан обвини жена која носела фустан украсен со арапски букви за богохулење, откако ги помешале буквите со стихови од Куранот. Полицијата која ја придружила жената ја однела на безбедно откако се собрале стотици луѓе. Таа подоцна јавно се извинила, пренесува Би-Би-Си.

На фустанот бил испечатен зборот „Халва“ со арапски букви, што значи слатко на арапски. Во Пакистан за богохулење се казнува со смрт. Некои луѓе биле линчувани дури и пред нивните случаи да се појават пред суд. Околу 300 луѓе се собрале пред ресторанот во кој била девојката, велат од полицијата.

На социјалните мрежи кружеа видеа од сцената, при што едната покажува жена, видно исплашена, како седи во далечниот агол на ресторанот и го заштитува лицето со раката.

Во другo, таа била опкружена со полицајци, кои ја заштитиле од толпата која барала од девојката да го соблече фустанот. На некои видеа се слуша како луѓето скандираат дека оние што богохулат мора да бидат обезглавени.

„Никој всушност не знаеше што пишува на фустанот“, велат од полицијата. „Главниот подвиг беше да се обидеме да ја извлечеме неа од областа за да се осигураме дека е безбедна. Им рековме дека ќе ја земеме жената со нас, нејзините постапки ќе бидат земени предвид и ќе ја сметаме за одговорна за кое било злосторство направено според законот на земјата“.

Жената била однесена во полициска станица, каде што полицајците потврдиле дека текстот на нејзиниот фустан е арапска калиграфија, а не стихови од Куранот.

„Немав таква намера, тоа се случи по грешка. Сепак се извинувам за сето тоа што се случи и ќе се погрижам никогаш да не се повтори“, рече жената, додавајќи дека таа е побожен муслиман и никогаш нема да изврши богохулење.

Властите соопштија дека таа била во Лахоре за да пазари и оттогаш го напуштила градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот