Вилнус, Литванија - Фото: Pexels

ВИДЕО | Овој град штотуку е прогласен за празнична престолнина во Европа, а туристите го заобиколуваат

Истражувањето на ново место за време на божиќните празници може да биде магично, со прекрасни декорации, вкусна храна, греено вино и лизгалишта. А Вилнус, главниот град на Литванија, беше прогласен за божиќна престолнина на Европа во 2025 година од страна на Мрежата на божиќни градови, пишува „Дејли мејл“.

Посебна предност на овој град е што не е преполн – само 1,2 милиони туристи го истражувале литванскиот главен град минатата година. Но, тоа не значи дека нема што да се види и доживее, особено во зима.

Со својата блескава елка, Стариот град, кој е под заштита на УНЕСКО, и пазарите полни со греано вино и рачно изработени производи, Вилнус нуди интимна празнична сезона.

Празничната сезона во Вилнус започнува на 29 ноември со најочекуваната традиција – осветлувањето на елката на плоштадот на катедралата.

Божиќниот пазар се отвора истата вечер, нудејќи им на посетителите регионални деликатеси – колачи како што се ќучиукаи, кои традиционално се јадат на Бадник, и шакоти во форма на елка, заедно со крофни со сирење, чадени колбаси и меденки…

Вилнус, Литванија – Фото: Pexels/mralexphotography
Вилнус, Литванија – Фото: Pexels/kublizz
Вилнус, Литванија – Фото: Pexels/vilnisphoto

Како и другите празнични пазари низ Европа, дрвените тезги се полни со ракотворби и подароци, а има и добротворен базар и лизгалиште за мраз.

Божиќната трка на 6 декември ги претвора градските улици во разиграна парада на Дедо Мразовци, џуџиња и креативно костимирани учесници. Врвот на сезоната е, секако, 31 декември, кога огномет, жива музика и прослави на отворено го осветлуваат главниот град, дочекувајќи ја Новата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот