Златни Глобуси - Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Највирални моменти од Златните глобуси: Сите зборуваат за неочекуваната реакција на славната актерка по поразот

Сезоната на доделување награди и официјално започна во Лос Анџелес, во култниот хотел „Беверли Хилтон“, каде што најдобрите беа наградени со престижните статуетки. Новата сезона на доделување награди во 2026 година ја отворија Златните глобуси.

Овој традционален настан и годинава на едно место ги собраа најголемите светски ѕвезди. Облечени во дизајнерски креации, познатите личности прошетаа по црвениот тепих, со нетрпение очекувајќи го официјалниот дел од вечерта и прогласувањето на најдобрите филмски, телевизиски и музички остварувања.

И додека посебна причина за славење имаа режисерот на филмот „Една битка по друга“, Пол Томас Андерсон, како и екипата што работеше на серијата „Адолесценција“, одличната атмосфера главно ѝ се припишува на водителката Ники Глејзер.

Комичарката минатата година првпат ја видовме во оваа улога, а во неделата навечер уште еднаш нè потсети зошто повторно беше поканета. Во својот, веќе вирален, воведен монолог, Ники се пошегува на сметка на сите присутни. Го праша Џорџ Клуни дали може да ѝ го поправи апаратот за кафе, му честиташе на Леонардо ди Каприо за импресивната кариера што ја изградил, пред неговата девојка манекенката Виторија Черети (27), да наполни 30 години, а не изостанаа ниту политичките коментари.

Таа измисли и нова категорија за најдобра монтажа, а наградата ја додели на американското Министерство за правда, поради начинот на кој ги презентирале документите поврзани со Епстин. Не ја поштеди ниту телевизиската мрежа „Си-би-ес“, која ја пренесуваше церемонијата.

Иако се допре и до посериозни теми, најмногу блесна во комичните моменти. Оваа година таа изведе и пародија на песната „Golden“ од KPop Demon Hunters, која подоцна беше прогласена за најдобра оригинална песна.

@goldenglobes @NikkiGlaser + @TheRealFranDrescher = ✨GOLDEN✨ #GoldenGlobes ♬ original sound – Golden Globes

Неочекуван пораз

Додека успехот на Ники Глејзер не беше изненадување, поразот за актерката Аманда Сејфрид очигледно беше. Номинирана во филмската категорија за најдобра актерка во филмот „The Testament of Ann Lee“, таа загуби од австралиската актерка Роуз Бирн.

Токму во моментот на прогласувањето се случи непријатен гаф. Познато е дека на вакви церемонии номинираните се снимаат уште пред да се изговори името на победникот, а Аманда се однесуваше како камерите да не постојат.

Додека се најавуваше самата категорија, таа се однесуваше како да ѝ е здодевно да слуша што зборуваат презентерите, а потоа направи непријатната гримаса која го откри разочарувањето, токму оваа сцена го привлече вниманието на јавноста. Контрастот беше уште поизразен во однос на елегантното однесување на нејзините колешки, кои со искрено воодушевување ја поздравија победата на Роуз Бирн.

Повторна средба по 27 години

Меѓу големите победници на вечерта беше и актерот Ноа Вајл за улогата во медицинската драма „The Pitt“. Исклучително успешната серија ја освои публиката во 2025 година, а се чини дека успехот ќе продолжи и со втората сезона, која започна да се емитува на 8 јануари 2026 година.

Во неделата навечер Џорџ Клуни беше номиниран, во категоријата за најдобар актер во филмот „Jay Kelly“, па така дојде и до неизбежната средба со поранешниот колега. Токму Клуни беше меѓу првите кои му честитаа на Ноа Вајл за освоениот Златен глобус за најдобра ТВ драма.

@noahwyledaily Sweet moment between Noah Wyle and George Clooney, ER co-stars, when the Pitt wins the Golden Globe for Best TV Drama. #thepitt #noahwyle #geoegeclooney #er #fyp ♬ Quiet Music – Stacey Barelos

Диктатура и пандемија

Режисерот Џад Апатоу беше еден од презентерите на наградите, а кога се искачи на сцената, откри дека последните десет години ги бојкотирал Златните глобуси. Тој зборуваше за неправдата што постои една филмска категорија која ги обединува мјузиклите и комедиите, особено кога победуваат филмови што, според него, не припаѓаат таму.

@goldenglobes Judd Apatow knows a thing or two about directing 🎬 He’s here to present the #GoldenGlobes ♬ original sound – Golden Globes

Особено симпатични во улогата на презентери беа и актерките Мелиса Мекарти и Кетрин Хан. Тие ги најавуваа категориите за најдобра машка улога, шегувајќи се на сметка на машкото присуство во индустријата, велејќи дека и тие конечно добиле права. Секако, шегата беше алузија на тоа како мажите често зборуваат за жените.

Но, можеби и подобра од самата шега беше хемијата што актерките ја покажаа на сцената, потсетувајќи нè на најдоброто женско комично дуо – легендарните Тина Феј и Ејми Полер.

 

@goldenglobes Kathryn Hahn & Melissa McCarthy are here to present tonight’s #GoldenGlobes ♬ original sound – Golden Globes

Што има во торбата со подароци за „Златен глобус“, вредна милион долари? Погледнете ја листата на сите 35 предмети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот