ВИДЕО | Ова е најпосакуваната дестинација за живеење во 2025 година
Сите кои размислуваат за преселување во странство сега имаат одговор на прашањето кои земји се најбарани во светот. Без разлика дали се работи за потрага по подобро време, пониски трошоци за живот или едноставно желба за запознавање нова култура, експертите од компанијата „1st Move International“ составиле список на најпосакуваните светски дестинации за живот, пишува „Дејли Мејл“.
Препорачано
Анализата на глобалните податоци од пребарувањата на Гугл покажала дека Канада втора година по ред е на прво место, со вкупно 269.220 пребарувања поврзани со преселување само оваа година.
Оваа популарна дестинација, која го надминала 74 други земји опфатени во истражувањето, продолжува да привлекува луѓе со своите прекрасни природни пејзажи и висок квалитет на живот.
- Интересни факти за Канада
- Канада има повеќе езера од остатокот од светот заедно и најдолга крајбрежна линија во светот, што ја прави рај за љубителите на природа и патувања.
- Кошарката е измислена во Канада – ја создал Џејмс Најсмит во 1891 година.
- Квебек Сити е единствениот целосно ограден (со ѕидини) град во Северна Америка.
- Канада произведува околу 70отсто од светскиот јаворов сируп, главно во провинцијата Квебек.
- Националното животно е видра – симбол на вредност и издржливост.
- Земјата има два официјални јазици, англиски и француски, и е едно од најмултикултурните општества во светот.
- Практично 99 отсто од младите на возраст од 18 до 24 години користат социјални мрежи, што ја става Канада меѓу најдигиталните земји.
Топ 10 најпосакувани дестинации
Веднаш зад Канада се наоѓа Австралија, која со своите прекрасни плажи и опуштен начин на живот привлекла 207.900 пребарувања. Третото место го зазеде Ирска со 179.400 пребарувања, следи Нов Зеланд со 177.700 и Јапонија на петтото место со 172.880 пребарувања. Во првите десет се најдоа и Португалија, Костарика, Шпанија, Холандија и Тајланд.
Што не очекува во 2026 година?
Извршниот директор на компанијата „1st Move International“, Мајк Харви, ги сподели своите предвидувања за трендовите на преселување за следната година:
„Додека гледаме напред кон преселувањата во 2026 година, очекуваме многу од најпопуларните светски дестинации за преселување да ја задржат својата силна привлечност. Гледаме јасен образец на конзистентност на врвот, со дестинации како Соединетите Американски Држави, Обединетите Арапски Емирати и Австралија кои остануваат цврсти фаворити меѓу преселениците“.
Канада исто така не покажува знаци на забавување, конзистентно остварувајќи добри резултати од година во година. Сепак, постојаната привлечност на помалите земји ориентирани кон стилот на живот, како Кипар и Нов Зеланд, е особено интересна. Овие дестинации нудат побавно темпо на живот без компромис во поглед на можностите, што станува сè поважно за преселениците во последните неколку години.“


