Лионел Меси/EPA-EFE/JUAN IGNACIO ROCORONI

ВИДЕО | Отстранета статуата на Меси во Индија висока 20 метри – претставувала сериозен безбедносен ризик

Импозантната статуа на аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, висока дури 20 метри, е отстранета од индискиот град Калкута откако стручни лица утврдиле дека претставува безбедносен ризик.

Споменикот, поставен во декември минатата година во индиската сојузна држава Западен Бенгал, привлече големо внимание во јавноста како дел од проектот „Најголем на сите времиња“, посветен на Aргентинецот.

Проблемите се појавиле кон крајот на мај, кога локалните жители пријавиле дека статуата видливо се ниша при посилни налети на ветер. По извршената инспекција од инженери на Одделот за јавни работи, било утврдено дека конструкцијата е сериозно оштетена и претставува потенцијална опасност за минувачите.

„Утврдено е дека статуата на аргентинската фудбалска легенда не е безбедна. Забележавме дека се ниша под влијание на ветерот“, изјавил пратеникот во парламентот на Западен Бенгал, Шарадват Мукерџи.

Дополнителен проблем претставувала и локацијата на споменикот, кој бил поставен покрај прометен пат и во близина на линија на подземната железница, поради што неговото отстранување барало посебни безбедносни мерки.

Пред демонтажата, конструкцијата изработена од стаклени влакна и железо била дополнително зацврстена со масивни најлонски јажиња, додека околу локацијата биле поставени заштитни бариери за да се спречи пристапот на граѓани и возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот