ВИДЕО | Откриена е причината поради која Ана де Армас го остави Том Круз: „Тоа не требаше да се случи“
Холивудската актерка Ана де Армас наводно ја прекинала својата деветмесечна врска со колегата Том Круз, бидејќи се чувствувала непријатно поради брзината со која се развивала нивната врска. Според извори кои зборувале за „Ју-ес Викли“, токму Ана го иницирала раскинот, одлучувајќи да ја прекине врската, откако сфатила дека сè оди премногу брзо. Иако меѓу нив, како што велат, постоела неоспорна хемија, таа сакала да направи чекор наназад, нагласувајќи дека сè уште го сака Том и многу го цени.
Препорачано
Двојката се разделила пред неколку недели, но останала во добри односи. Нивната романса започнала за време на снимањето на трилерот „Deeper“, кој моментално е ставен на пауза.
Врската се развивала брзо, а според изворите, Круз бил целосно фасциниран од Ана, често ѝ подарувал накит, дизајнерска облека и ја носел на патувања.
И покрај тоа што не се повеќе заедно, Ана наводно останала позитивна и смирена. Еден извор изјавил дека, иако била разочарана, таа е свесна дека „сè ќе биде добро“ и дека останува пријателка со Том.
View this post on Instagram
Иако ставиле точка на љубовната врска, тие продолжуваат професионално да се почитуваат, Ана веќе е ангажирана во еден од идните проекти на Том Круз.
Во текот на нивната краткотрајна, но интензивна врска, парот неколкупати бил виден заедно во јавноста. Гласините дека се во врска почнале да кружат во февруари оваа година, кога биле забележани на вечера во Лондон. Потоа биле видени на одмор во Шпанија, на Вембли стадионот во Лондон и на други локации.
Иако никогаш јавно не зборувале за својата врска, потврдија дека се заедно кога беа фотографирани држејќи се за раце во јули во Вермонт.
Том Круз зад себе има три брака со Мими Роџерс, Никол Кидман и Кејти Холмс, додека Ана де Армас била во брак со Марк Клотет и претходно се забавувала со Бен Афлек.


