Фото: Принтскрин

ВИДЕО: Опозициски српски пратеници со бонсек исекоа дел од оградата околу „Ќациленд“, приврзаници на Вучиќ им се нафрлија

Опозициски пратеници и утринава тргнале да влезат преку главниот влез во Собранието, отстранувајќи ја оградата околу таканаречениот „Ќациленд“, објави „Нова“.

Имено, тие со бонсек ја пресекле жицата со која биле врзани оградите и се упатиле кон главниот влез во Собранието.

Додека минувале, од „Ќациленд“ им викале „усташи“, а обезбедувањето ги раздвојувало присутните во „Ќациленд“ од пратениците. Жителите на „Ќациленд“ се обиделе и да ги нападнат пратениците, но обезбедувањето ги спречувало.

Девојка тврди дека насилници ја киднапирале и ја одвеле во „Ќациленд“: Ме клоцаа, ми удираа шлаканици и ме газеа“

Во еден момент, во метежот бил соборен пратеникот Роберт Козма. Пратениците прашале каде е полицијата, по што полицајците им се придружиле на обезбедувачите за да спречат конфликт.

Во еден миг дошло до турканица помеѓу присутните во „Ќациленд“ и обезбедувањето.

Како што се гледа на снимката, на обезбедувањето во жолти елеци му се придружила и полицијата во обид да спречи собраните во „Ќациленд“ да стигнат до пратениците.

Претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, на состанокот со опозициските пратеници по повод вчерашниот инцидент во „Ќациленд“, изјавила дека во наредните два дена ќе биде овозможен непречен пристап на пратениците до Собранието на Србија.

На состанокот со Брнабиќ и со сите останати пратенички групи, опозициските пратеници побарале оградата околу шаторското население пред Собранието да се помести и да им се овозможи непречен влез на главниот влез во парламентот.

Претседателката на Собранието вети на состанокот дека тоа ќе се случи во следните два дена.

За потсетување, состанокот беше одржан откако полицијата вчера наутро ги спречи пратениците од партијата СРЦЕ да поминат низ населбата со шатори на приврзаниците на власта и да влезат во зградата на Парламентот на главниот влез.

Во болница е студентката која маж од „Ќациленд“ ја удри со тупаница по глава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот