ВИДЕО | Омилениот новинар на Путин: Можеме ли конечно да го нападнеме Лондон?

Фото: Profimedia

Владимир Соловјов, руски државен ТВ водител и омилен новинар на претседателот Владимир Путин, од руската државна телевизија и радио повика на напад врз Лондон за време на говорот во кој ја критикуваше поддршката на западните земји за Украина.

„Можеме ли конечно да го нападнеме Лондон? Што е проблемот?“, ја праша Соловјов публиката за време на неговата емисија, чиј клип беше споделен вчера на Твитер со англиски превод од Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина.

„Не, не, не само воени цели, дури и парламентот“, додаде тој.

Соловјов продолжи со критиките за помошта што доаѓа од западните земји, која е една од неговите омилени теми откако Русија ја нападна Украина пред една година, и посочи дека тоа и овозможува на Украина да ги нападне териториите кои Западот не ги признава, како Крим.

„Па, тие ќе и дадат авиони на Украина за да удри длабоко во руска територија. Во исто време, тие лукаво велат: „Не, добро, ние едноставно не го признаваме Крим како Русија“, рече Соловјов.

„Сега вие ќе одредите што е Русија за нас? Тоа нема да го одреди народот на Русија, ниту референдум, ниту гласање, но вие ќе одредите што е Русија за нас?, запраша Соловјов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот