Oклахома - Сан Антонио/EPA/MANUELA SOLDI

ВИДЕО | Оклахома победи во петтиот натпревар со Сан Антонио и дојде на чекор од финале

Оклахома направи голем чекор кон ново НБА финале откако пред својата публика со 127-114 го совлада Сан Антонио и поведе со 3-2 во финалната серија на Западната конференција. Актуелниот шампион сега е на само една победа од пласман во големото финале.

Гостите од Тексас подобро го отворија натпреварот и во раната фаза имаа предност од осум поени (16-8), но Оклахома постепено го презеде ритамот на играта. До крајот на првата четвртина домашниот тим веќе направи пресврт и поведе со 29-27.

Оттогаш, Оклахома целосно ја контролираше средбата и не му дозволи на Сан Антонио сериозно да се закани. Домашните сигурно ја одржуваа предноста и без поголеми проблеми стигнаа до конечните 127-114.

Најзаслужен за победата беше Шеј Гилџус-Александер со 32 поени и девет асистенции, додека кај Сан Антонио најефикасен беше Касл со 24 поени. Виктор Вембањама додаде 20 поени.

Следниот натпревар од серијата се игра во Сан Антонио, каде домаќините ќе се обидат да изборат мајсторка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот