нова година фото: скриншот/X

ВИДЕО | Огномет во Сиднеј ја најави 2026-тата, спектакуларни прослави и на Далечниот Исток

Островот Самоа и градот Киритимати на островот Кирибати во централниот Тихи Океан беа првите што ја дочекаа Новата 2026 година, пренесоа светските медиуми.

Новата 2026 година веќе ја дочекаа Кина, Малезија, Сингапур, Филипините и други земји од Далечниот Исток, со спектакуларни огномети и прослави на градските плоштади.

Монголија, Брунеи, Макао и многу региони на Антарктикот, како и Иркутск во Русија, исто така ја пречекаа Новата година во 17 часот по средноевропско време.

Порано, во 16 часот по средноевропско време, Новата година беше прославена во Јапонија, Северна Кореја и Јужна Кореја.

Прославите на Нова Година – шогацу – се најголемиот настан во јапонскиот календар и ќе траат до 3 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот