Фото Инстаграм стори на Роберто Навали
Фото Инстаграм стори на Роберто Навали

ВИДЕО | Снимка од трагедијата на обиколницата — автомобилот целосно изгорел

Инстаграм-профилот „Роберто Навали“ објави видео испратено од следач, на кое се гледа страшната сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која синоќа починаа четворица луѓе: оперскиот првенец Ристе Велков, неговиот 20-годишен син Адам Велков, 20-годишниот Петар Миланов и уште една жртва, чиј идентитет сè уште не е утврден.

Возачот на камионот „МАН“, 76-годишен Косовец, преминал на лентата по која се возеле загинатите.

Синоќа во 23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, 76-годишниот Б.Б. од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(51) од Скопје. Од сударот настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопјe, велат од МВР за „Слободен печат“.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Р.В. и сопатниците од неговото возило, А.В.(20) и П.М.(20) од Скопје и уште едно лице чиј идентитет засега е непознат, посочуваат оттаму.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција. Исто така, по наредба на јавен обвинител возачот Б.Б. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. За време на вршење на увидот, односно во периодот од 23 часот и 10 минути до 5 часот сообраќајот е пренасочуван на патниот правец Тетово-Велес, кај клучка Приштина кон с.Визбегово, и Велес-Тетово кај клучка Мирковци. Во 5 часот сообраќајот е нормализиран, додаваат од Министерството за внатрешни работи.

Баритонот Ристе Велков и неговиот син Адам се меѓу загинатите во трагичната несреќа на обиколницата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот