ВИДЕО: Од прекрасен град до масовна гробница, од поплавите во Либија најмногу настрадаа жителите на Дерна

Поплави во Либија / Фото Твитер

Како да стигнал „судниот ден“, ужасна е сликата во Либија, посебно во градот Дерна каде спасувачките тимови се мачат да се справат со телата на повеќе од 5.000 загинати во катастрофалните поплави. Од прекрасен град Дерна се претвори во масовна гробница, објавуваат светските новинаски агенции.

Снимка од воздух ги покажува размерите на катастрофата во Либија. Се гледаат огромни површини со наноси од кал. Земјата станува масовна гробница, се појавуваат тела на загинати луѓе.

Се стравува дека повеќе од 5.300 луѓе настрадале, а 10.000 се исчезнати откако обилните врнежи на североистокот на Либија предизвикаа уривање на две брани, поради што уште повеќе вода надојде во веќе поплавените подрачја.  Во источниот град Дерна, во кој има најголема штета, дури 6.000 луѓе се водат како исчезнати. Веста ја соопшти Осман Абдулџалил, министер за здравство во источната либиска влада. Водата однела цели квартови во градот.

Директорот на болницата Вахда во Дерна Мохамед ал Кабиси изјави вчера дека бројот на настраданите во катастрофалните поплави изнесува 2.200. Функционерката на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина во Либија Тамер Рамадан кажа дека бројот на загинатите во поплавите во Либија е огромен и „би можел да се мери во илјадници“. Веќе почна да пристигнува помош од други земји, вклучувајќи ги САД, Германија, Иран, Италија, Катар и Турција.

Бурата Даниел во неделата ја погоди источна Либија, носејќи обилни врнежи и предизвикувајќи катастрофални поплави. Претходно, бурата Даниел направи штети во Грција. Сега  бурата го погоди Појасот Газа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот