Мартија Станојковиќ - Фото: Инстаграм/МартијаСтанојковиќ/darko_ar

ВИДЕО | Од „Пинкови ѕвездички“ до вистинска македонска поп-ѕвезда – Мартија Станојковиќ денеска го слави својот 22. роденден

Една од најпопуларните млади македонски поп-пејачки Мартија Станојковска денеска го прославува својот 22. роденден. Родена е на 7 април 2004 година во Куманово.

Мартија успеа за многу кратко време да ги „собере симпатиите на публиката во Македонија, но и на Балканот, откако на 11 години се појави на сцената на регионалното шоу „Пинкови ѕвездички“.

Со своите интерпретации на светските хитови, таа не само што го освои високото второ место, туку стана и миленичка на целиот регион. Веднаш потоа, во 2016 година, Мартија со гордост ги бранеше боите на Македонија на Детската Евровизија во Малта со песната „Love will lead our way“, каде покажа дека е подготвена за големите светски сцени.

Музичка еволуција

Од слаткото девојче кое пееше „All About That Bass“, Мартија низ годините созреа во вистински артист. Нејзините синглови како „Love will lead our way“, „Те сакам“, „Шо праеш“, па сè до најновите хитови „Анатомија“ и „Феномен“ објавени во 2024 година, ја потврдуваат нејзината уникатност на нашата естрада. Соработката со современи автори и врвните видеозаписи режирани од Томислав Живковиќ и Reezy Rane ја позиционираа како лидер на новата генерација македонски пејачи.

Скромен почеток, блескава иднина

Иако кариерата ја започна во танцовото студио „Ултра“ во родното Куманово и на фестивалот „Детелинка“, Мартија денес е комплетен изведувач кој храбро експериментира со жанровите, од поп и R&B до модерен трап звук. Мартија оваа година ги дувна роденденските свеќички во студиото, а веќе почнаа да ѝ пристигнуваат честитки со најубави желби од блиските, соработниците и фановите на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот