Видео од Ивана во судницата: „Стојанче, цело време ме удираш по бубрези, зашто татко ти така удирал кога бил полицаец, да не се познава“
Обвинителството презентираше уште еден, втор видеозапис од Ивана Јовановска во судница, на кој се гледа дека Ивана стои во ходникот пред вратата и се расправаат со Стојанче Јовановски. Таа е видно вознемирена, плаче, а Стојанче цело време ја снима и меѓу разговорите се смее.
Препорачано
Стојанче на видеото ѝ вели на Ивана „да му се тргне“, на што таа му одговара со плачење: „Што да ти се тргнам, што ме тепаш цело време?“.
На видеото Ивана ја поткрева блузата и пак ја спушта, а Јовановски цело време се смее. Ивана му вели: „Сега викна полиција и чекај си ја, да им кажеш што имаш направено, зашто ме истепа и ми викна полиција“.
Во еден момент што се гледа на видеото, Ивана му се обраќа на Стојанче со зборовите:
-По бубрези ме маваш зашто сам ми имаш кажано дека татко ти мавал по бубрези кога бил полицаец, за да не се познава.
Потоа го прашува:
-А по скали што ме бутна во болница пред сведоци што сакаше да ме убиеш и што те пријавив? Колку пати ме имаш тепано? Во систем колку пријави има дека има семејно насилство од твоја страна?


