ВИДЕО | Очевидец: Страшно беше, се слушаше пукање од внатре – го гаснев пожарот, други ги спасуваа луѓето

Неџмедин Алити, очевидец на пожарот во Тетово / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Неџмедин Алити е 37 годишен фудбалер од Тетово, кој синоќа меѓу првите луѓе истрча на местото на пожарот во модуларната ковид болница во Тетово и учествувал во гаснењето. Тој раскажува за страшната глетка, кога пожарот ја уништи целата болница и во кој загинаа 14 лица, а 12 се извлечени од огнот и се во стабилна состојба. Вкупно, во моментот на избивањето на пожарот во модуларната болница имало 26 лица.

Сè се случи многу брзо. Беше како да пука бомба. Бев тука во 9.10 часот. На самото место имаше пожарни, полицајци. Половина од болницата беше зафатена од пожарот и јас тука бев тука да го гаснам пожарот, не влегував внатре, други влегуваа. Страшно, се слушаше пукање. Има луѓе кои се плашат од пукање, ама јас сум хуман човек, не се плашам, сакав да помогнам, раскажува Алити за кобниот момент кога почнал пожарот и брзо ја зафатил целата болница.

Тој вели дека пожарот бил многу силен и брзо се ширел.

– Пожарот беше толку јак што и хеликоптер да дојдеше да го гасне од горе, не ќе можеше, искрен е Алити кој како и многу тетовчани, минатата ноќ ја помина во мисла за жртвите и последиците од пожарот кој ги шокираше тетовчани и целата јавност.

ФОТО+ВИДЕО: Тетово сѐ уште мириса на чад, на местото на трагедијата засилено полициско обезбедување

Пожарот настанал затоа што се обидувале да реанимираат девојче и пукнал штекер, сведочи тетовчанка за „Слободен печат“
ОЈО: Обдукција на 14 починати, продолжува увидот по пожарот во модуларната болница во Тетово
Доктор Александар Станков: Обдукциите на 14-те починати од модуларната болница ќе бидат завршени денеска
Роднина успеал да спаси свој близок од пожарот во Тетово
Грчките медиуми за пожарот во модуларната болница во Тетово: Трагедија во Северна Македонија
Вучиќ: Србија е спремна да ѝ даде братска помош на Северна Македонија
Видео на денот