Обри Плаза на Канскиот филмски фестивал / Фото: Valery HACHE / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Обри Плаза со болна исповед: „Тагата по сопругот е како океан од ужас што секогаш е тука“

Актерката Обри Плаза проговори за смртта на својот сопруг Џеф Баена во интервју објавено денеска, што е првпат да зборува подетално за загубата.

Во разговор со својата поранешна колешка од серијата „Паркови и зеленило“ (Parks and Recreation), Ејми Полер, во нејзиниот нов поткаст „Good Hang“, 41-годишната актерка од „Белиот лотос“ (White Lotus) изјави дека тагата е како „огромен океан на ужас што секогаш е тука“.

„Го гледам тоа. И понекогаш само сакам да нурнам во тоа и едноставно да бидам таму. А потоа понекогаш само гледам во тоа. А некогаш само се обидувам да побегнам од тоа. Но, секогаш е тука. Едноставно е секогаш тука“, вели Плаза.

Плаза ја спореди својата тага и со сцена од хорор филмот за вонземјани „Клисура“ (The Gorge), во кој играат Мајлс Телор и Ања Тејлор-Џој, а премиерно беше прикажан во февруари.

„Од едната страна е карпа, од другата страна е карпа, а меѓу нив е клисура полна со чудовишта што се обидуваат да те зграпчат. И се колнам, кога го гледав тоа, си помислив: ‘Вака изгледа мојата тага‘“, вели актерката.

Ејми Полер и Обри Плаза / Фото: Инстаграм/„Good Hang“

Таа и Баена се венчаа во 2021 година. Работеа заедно на неколку филмови, меѓу кои и „Живот после Бет“ (Life After Beth) од 2014 година, за кој Баена го напиша сценариото и ја режираше, а Плаза ја имаше главната улога.

По неговата смрт, даде неколку јавни изјави и настапи, нарекувајќи ја неговата смрт „незамислива трагедија“.

Полер во првите 15 минути од епизодата се осврна на смртта на Баена, прашувајќи ја: „Во име на сите луѓе што мислат дека те познаваат и оние што навистина те познаваат, како се чувствуваш денес?“.

„Во овој многу тежок момент, среќна сум што сум со тебе. Севкупно, тука сум и функционирам. Се чувствувам навистина благодарна што се движам низ светот. Мислам дека сум добро, но тоа е очигледно секојдневна борба“, одговори Плаза.

Од улогата во „Белиот лотос“, Плаза стана едно од најпрепознатливите лица во Холивуд. Во својата кариера доби неколку номинации за Еми и Златен глобус, вклучително и за втората сезона на „Белиот лотос“. Во 2023 година, списанието „Тајм“ ја прогласи за една од 100-те највлијателни личности во светот.

На 47 години: Сопругот на актерката Обри Плаза пронајден мртов во својот дом

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот