ВИДЕО | Обожава да пее: Ова куче ги воодушеви луѓето со својата „изведба“ на познат хит

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Некои кучиња бескрајно уживаат во музиката. Нивните сопственици знаат каква музика преферираат, како и која песна им е омилена. Тие обично им ја пуштаат омилената песна, а потоа уживаат во нивната реакција.

Ова го потврди една корисничка на „Фејсбук“ која објави урнебесно видео од нејзиното куче.

„Џиана има омилена песна. Таа навистина се труди да ги изведе сите високи ноти од оваа песна“, напиша нејзината сопственичка во описот на видеото во кое кучето ја „пее“ песната „I Will Always Love You“ на Витни Хјустон. И навистина, мора да ѝ се оддаде признание за нејзините напори. Точно знае кога да пушти глас, а тоа што ја фрла главата назад го прави целиот настап уште подобар.

Многумина беа воодушевени од видеото, а некои напишаа дека нивните кучиња, гледајќи го ова куче, решиле да пуштат глас и да ѝ се придружат во „пеењето“. Други се сеќаваа на нивните покојни миленици кои слично звучеле во одредени прилики.

„Ова е урнебесно и интересно. Ова куче е навистина талентирано“, „Одлична изведба“, „На моето куче омилена песна му е „Hello“ од Адел, треба да формираме бенд!“, „Каков талент“, се дел од коментарите.

Погледнете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот