Фото: Screenshot

ВИДЕО | Oбјавена досега непозната снимка од соблекувалната на Реал Мадрид во финалето против Боруисија

Во јавноста се појави досега невидена снимка од соблекувалната на Реал Мадрид од полувремето на финалето во Лига на шампиони против Борусија Дортмунд пред две години.

При резултат 0-0, во моменти кога германскиот тим имаше подобра игра на теренот, атмосферата во соблекувалната била напната, но и полна со лидерство и верба. Во центарот на вниманието е тренерот Карло Анчелоти, кој со смирен пристап им даваше јасни тактички насоки на своите играчи, објаснувајќи како да одговорат на притисокот.

Голема улога во подигнувањето на духот има и капитенот Лука Модриќ, кој побарал од соиграчите ментална цврстина и подготвеност за „страдање“, нагласувајќи дека финале не се добива лесно. Со слични пораки се надоврзале и Дани Карвахал и Начо Фернандез, кои потенцирале дека најтешкиот дел е зад нив и дека второто полувреме е нивната шанса.

Токму таа верба, дисциплина и заедништво се покажаа како пресудни. „Кралевите“ во продолжението го свртеа натпреварот во своја корист и со головите на Карвахал во 73. и Винисиус Жуниор во 82. минута стигнаа до победа од 2-0 и нова, јубилејна 15-та европска титула.

[El Chiringuito TV] Newly released footage of Carlo Ancelotti’s Real Madrid at half-time in the UEFA Champions League final. They were drawing 0-0 against Dortmund (translation in body text).
by
u/Sparky-moon in
soccer

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот