Фото: Screenshot

ВИДЕО | Нуњо Сантош го постигна „голот на викендот“, со „рабона“ ја „собра пајажината“

За викендот Спортинг Лисабон славеше сигурна победа против Боависта од 3:0, овој натпревар од 24-тото коло во португалското првенство привлече посебно внимание поради голот на Нуњо Сантош.

Крилниот фудбалер од редовите на зелено белите доби топка околу белата точка, а тогаш со популарната „рабона“ ја „собра пајажината“ од горниот лев агол на противничкиот гол.

Спортинг со овие три бода e четврти на табелата, а целта на тимот е третата позиција која обезбедува место во квалификациите за Лигата на шампионите. Во овој момент Брага е трета со пет бода повеќе.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот