ВИДЕО | Ново момче и нов спот: Даниела Мартиновиќ вели дека „изненадувања се случуваат кога најмалку очекувате“

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Љубовната приказна на Даниела Мартиновиќ и инспекторот Јосип Плавиќ стана една од омилените во Хрватска, особено откако пејачката ги откри деталите и ја потврди врската. Интересно е што и двајцата ги поврзува музиката. Јосип е член на бендот „Изван закона“ основан во 1991.

Пејачката деновиве го промовираше спотот за нејзината нова песна „Верувам во луѓето“, но поради големата промена во нејзиниот љубовен живот, оваа премиера е малку под сенка на приватноста.

„Животот е најдобриот сценарист и режисер и најубавите изненадувања се случуваат кога најмалку очекувате, а животот секогаш ви ги носи луѓето што ви се потребни“ – изјави Мартиновиќ во оваа прилика за „Вечерњи лист“.

 

Пред врската со Јосип, Данијела од 1997-мата година, беше во емотивна врска со хрватскиот пејач Петар Грашо. По 24 години минати заедно, тие се разделија.

Му се обраќам на моето неродено дете: Даниела Мартиновиќ со трогателна исповед

ФОТО | Откако Петар Грашо е официјално со новата девојка, Данијела Мартиновиќ го избриша од својот инстаграм-профил

Петар Грашо е минато: Даниела Мартиновиќ има ново момче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот