ВИДЕО | Нов проблем за Франција: Камвинга го повреди Нкунку

Фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Селекторот на Франција, Дидие Дешам нема да може да смета на Светското првенство на услугите на одличниот напаѓач на Лајпциг, Кристофер Нкунку.

Нкунку се повреди на тренингот на репрезентацијата на Франција и поради тоа нема да игра на Светското првенство во Катар. Нкунку настрада на вчерашниот тренинг после стартот од Едуардо Камвинга. Веднаш можеше да се забележи дека повредата може да биде проблем, нешто подоцна Франција потврди дека Нкунку нема да биде во конкуренција за настап.

Дешам веќе и повика замена за Нкунку, шанса за настап на Мундијалот ќе доби Рендал Коло Муани од Ајнтрахт. 23-годишниот фудбалер така доби прилика после одличните настапи во Германија да биде дел од Мундијалот. Сепак, секако штета за Нкунку кој веќе втора сезона игра во одлична форма.

Инаку Французите се една од селекциите кои имаат најголеми проблеми со повреди бидејќи останаа без Пол Погба, Н’голо Канте и Преснел Кимпембе кој отпадна само на неколку дена пред тргнувањето за Катар. На СП Франција ќе игра во групата „Д“ со Австралија, Данска и Тунис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот