ВИДЕО | Нов гаф на Бајден: Jа помеша телевизијата со телефонот

Џо Бајден/ Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS
Говорот на американскиот претседател Џозеф Бајден, за време на кој ги повика работодавачите во приватните компании да воведат задолжителна вакцинација, повторно беше одбележан со гафови, што го направи актуелен на социјалните мрежи.

За време на телевизиско обраќање, Бајден и се обрати на градоначалничката на Чикаго, Лори Лајтфут со „господине“, ја помеша телевизијата со телефонот и се збуни кога се обиде да го спомене името на претседателот на Сенатот на Илиноис, Дон Хармон.

 

„Господине градоначалник, ви благодарам за поканата да го посетам вашиот град. Секој пат кога предстојувам во Чикаго, сакам да украдам некого и да го вратам во Вашингтон. Го направив тоа неколку пати “, рече 78 годишниот Бајден, обраќајќи се на градоначалничката Лори Лајтфут.

А кога Бајден се обиде да ја прераскаже случката односно коминукацијата која ја имал со еден болнички работник, наместо да каже дека зборувал со него по телефон, Бајден рече бил „на телевизија“.

„Синоќа бев на телевизија, “, рече Бајден, а потоа ги затвори очите во обид да се концентрира, и дури потоа успеа да рече дека зборувал по телефон.

Во својот говор американскиот престедател направи уште една грешка кога се обиде да зборува за претседателот на Сенатот во Илиноис, Дон Хармон.

„Охајо Пенсилванија, Охајо Пенсилванија“, рече Бајден.

Потоа тој покажа на себе, објаснувајќи дека е од Пенсилванија, по што конечно успеа да изговори „Претседателот на Илиноис Дон Хармон“.

Видео на денот