ВИДЕО | Њујорк уште еднаш победи против Кливленд и дојде на половина пат до финале
Њујорк славеше против Кливленд со 109-93 во „Медисон Сквер Гарден“ и поведе со 2-0 во финалната серија на Источната конференција, доближувајќи се чекор поблиску до големото финале во најсилната кошаркарска лига.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во првото полувреме се водеше израмнета битка, а ниту една екипа немаше предност поголема од шест поени. Сепак, клучниот момент се случи на стартот од третата четвртина. При резултат 53-53, домашниот тим направи неверојатна серија од 18-0 за само пет минути и создаде капитална предност, па во последниот период влезе со плус 15 (85-70).
Кливленд се обиде да се врати во натпреварот и со серија од 8-0 намали на само седум поени разлика, но тоа беше максимумот што гостите успеаја да го направат. Никси потоа повторно ја презедоа контролата, стигнаа и до плус 19 и рутински го приведоа мечот кон крајот.
Херој на вечерта беше Џош Харт, кој го одигра најдобриот плејоф-натпревар во кариерата со 26 поени и пет погодени тројки, а додаде и седум асистенции и две украдени топки.
Одлична поддршка имаше од Микал Бриџис и Џејлен Брансон, кои постигнаа по 19 поени, додека Карл-Ентони Таунс забележа двоен ефект од 18 поени и 13 скока.
Кај Кливленд, најефикасен беше Донован Мичел со 26 поени, додека Џејмс Харден додаде 18. Следните два натпревари ќе се играат во Кливленд, а првиот е закажан во ноќта меѓу сабота и недела од два часот.


